|
|
|
The very best of the EBC*L Champions League 2010 is Maria Luisa Nuzzo from Italy

|
|
From left to right: Heinz Herczeg, Simone Baldassarri, Maria Luisa Nuzzo, Federal Minister Beatrix Karl, Victor Mihalic
|
 |
These are the EBC*L Champions who represented Macedonia at the International Champions League competition 2010 in Vienna.
For more pictures please click here
|
|
 |
 |
Почитувани,
Ве информираме дека на 26 ноември 2010 (петок) во Стопанска Комора на Македонија, се одржа првиот Национален натпревар за бизнис компетенции Лига на шампиони 2010.
Натпреварот беше отворен со воведниот говор на г-а Ленче Зикова, самостоен советник во центарот за едукација при Стопанска Комора на Македонија, по што учесниците на натпреварот беа поздравени од г-а Афродита Кермичиева Пановска, директор на Националната канцеларија на EBC*L за Македонија
Натпреварот започна во најавениот термин и на него учествуваа вкупно 36 натпреварувачи, поделени во три категории: ученици, студенти и млади претприемачи.
Категорија: ученици
1. Михаела Михајловска
2. Младенка Спасова
3. Алберта Санева
Категорија:студенти
1. Димитар Мишев 2. Дане Јосифовски
3. Љубиша Пановски
Категорија:младипретприемачи
1. Дарко Иљоски
2. Анета Тодоровска
3. Александра Ѓорѓиевска
Првите три места од секоја категорија одделно покрај право на учество на интернационалниот натпревар, во Виена, Австрија, каде сите трошоци ќе им бидат покриени, добија и други вредни награди.
На сите учесници на Националниот натпревар за бизнис компетенции им беа доделени сертификати за учество.
European Business Competence* Licence (EBC*L) е етаблирана европска и меѓународна квалификација која докажува дека лицето кое го поседува сертификатот има основно знаење кое е потребно да започне или да води бизнис, да менаџира или да води одделение во средна односно голема компанија. EBC*L сертификатот е доказ кој демонстрира бизнис компетенции.
Сертификатот може да се полага во преку 30 земји низ цел свет, меѓу кои од 2007 година и во Република Македонија.
Најголем натпревар за бизнис компетенции во Европа. Покрај Македонија право на учество имаат најдобрите и од уште други 32 земји учесници.
Официјално проектот е поддржан од: Министерството за Економија на РМ, Вицепремиерот за економски прашања, г-динот Владимир Пешевски, Министерството за Образование и наука на РМ, Мисијата на Европската Комисија во Република Македонија итн. Официјален партнер на проектот е Стопанската Комора на Македонија.
Медиумски партнери, национално радио Канал 77, Global HRTM, Телевизија Сонце.
Со почит,
Националната канцеларија на EBC*L заМакедонија
Ул. Железничка 30-3
1000 Скопје, Р. Македонија
Тел/факс: +389 2 32 90 540; +389 2 32 90 544

И ти можеш да бидеш шампион!
Најдобрите од 5000 EBC*L кандидати од најмалку 12 земји, ќе ја имаат шансата да бидат наградени како "EBC*L Шампиони 2010" на еден од најголемите интернационални натпревари за бизнис компетенции во Европа. Ова може да бидешиТИ
Добри вести: Не само фудбалските навивачи имаат свој интернационален натпревар, од 2007 година постои и EBC*L Лигата на Шампиони за оние кои сакаат да ги покажат своите бизнис компетенции.
EBC*L испитот и EBC*L сертификатот ќе обезбедат рамка и правила за овој натпревар. EBC*L сертификатот е доказ за поседување на бизнис компетенции, распространет во повеќе од 30 држави.
Победниците од претходните натпревари се од Полска, Австрија и Унгарија.
Лигата на Шампиони 2010 е поддржана од Европската Комисија и CIP програмата за поддршка на претприемништвото (повеќе информации под "Поддржувачи & Спонзори"
Поради ова EBC*L Лигата на Шампиони стана еден од најголемите интернационални натпревари за бизнис компетенции.
Затоа мора и ти да учествуваш!

MMag. Victor Mihalic
EBC*L International
|
|

Afrodita Kermicieva-Panovska
Head of the
representation EBC*L Macedonia
|
|
|
|
|